| | Sitemap | EN | SQ
Годишен извештај 2011

Во Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија во текот на 2011 година поднесени се 405 патентни пријави од кои 37 домашни и 368 странски. Бројот на поднесените патентни пријави во 2011 година во однос на 2010 година е зголемен за 11,3%. Зголемувањето на бројот на поднесените патентни пријави во 2011 година се должи на зголемувањето на истите од странски и домашни подносители.

Оваа промена се одрази и врз структурата на поднесените патентни пријави по извори во 2011, така што, споредено со 2010 година, остварено е зголемување на учеството на домашните патентни пријави од 7,4% на 9,1%, а соодветно со тоа се променува и структурата по земји од кои потекнуваат пријавите.

Во текот на 2011 година во Република Македонија, во однос на бројот на домашни патентни пријави, постигнато е зголемување: бројот на домашните патентни пријави е зголемен од 27 во 2010 на 37 во 2011 година или за 37,0%, а учеството на истите во вкупниот број поднесени патентни пријави е зголемено од 7,4% на 9,1%.

Меѓутоа, и понатаму постои интерес на странските фирми, иако истите значително се намалуваат, што се гледа од присутноста на назначувањата за Република Македонија како земја на интерес, според ПСТ, а особено по Договорот со ЕПО...

***

 Во прилог ви го доставуваме целосниот документ кој може да го симнете за повеќе детали.

 


Превземи

Објавено на 08.06.2012