Во Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија во текот на 2014 година поднесени се 573 патентни пријави од кои 29 пријави се поднесени од домашни подноситеели и 544 од странски подносители. Бројот на поднесените патентни пријави во 2014 година во однос на 2013 година е зголемен за 6%. Зголемувањето на бројот на поднесените патентни пријави во 2014 година се должи на зголемувањето на истите поднесени од странски подносители. Од вкупниот број на пријави поднесени од странски подносители 106 пријави се EPO пријави (18.5%) додека останатите 438 се Euro PCT пријави (76.5%).
Во текот на 2014 година во Република Македонија, бројот на домашните патентни пријави е намален во однос на предходната година, и тоа од 42 пријави во 2013 година на само 29 приајви во 2014 година или во проценти од 8% од вкупниот број на поднесени пријави во 2013 на 5.1% од вкупниот број на поднесени пријави во 2014.
Оваа промена се одрази и врз структурата на поднесените патентни пријави по извори во 2014, така што, споредено со 2013 година, остварено е зголемување на учеството на странските патентни пријави за 9%, а соодветно со тоа се променува и структурата по земји од кои потекнуваат пријавите. Во однос на минатата години, во 2014 година зголемен е бројот на пријави кои се поднесени од Франција (од 8% на 8.7%) и Италија (од 6% на 7.6%).
Превземи