| | Sitemap | EN | SQ
Годишен извештај за 2013 година

Во Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија во текот на 2013 година поднесени се 541 патентни пријави од кои 42 домашни и 499 странски. Бројот на поднесените патентни пријави во 2013 година во однос на 2012 година е зголемен за 9.7%. Зголемувањето на бројот на поднесените патентни пријави во 2013 година се должи на зголемувањето на истите од странски подносители.
Оваа промена се одрази и врз структурата на поднесените патентни пријави по извори во 2013, така што, споредено со 2012 година, остварено е зголемување на учеството на странските патентни пријави за 12,6%, а соодветно со тоа се променува и структурата по земји од кои потекнуваат пријавите. Во однос на минатите години бројот на пријави од Швајцарија и Јапонија е зголемен
Во текот на 2013 година во Република Македонија, во однос на бројот на домашни патентни пријави, е намален истиот: бројот на домашните патентни пријави е намален од 50 во 2012 на 42 во 2013 година или за 19,0%.


Во прилог ви го доставуваме целосниот документ кој може да го симнете за повеќе детали.

***


Превземи

Објавено на 04.09.2014