| | Sitemap | EN | SQ
Годишен извештај за 2012 година

Во Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија во текот на 2012 година поднесени се 493 патентни пријави од кои 50 домашни и 443 странски. Бројот на поднесените патентни пријави во 2012 година во однос на 2011 година е зголемен за 17,8%. Зголемувањето на бројот на поднесените патентни пријави во 2012 година се должи на зголемувањето на истите од странски и домашни подносители.
Оваа промена се одрази и врз структурата на поднесените патентни пријави по извори во 2012, така што, споредено со 2011 година, остварено е зголемување на учеството на домашните патентни пријави од 9,1% на 10,1%, а соодветно со тоа се променува и структурата по земји од кои потекнуваат пријавите.

Во текот на 2012 година во Република Македонија, во однос на бројот на домашни патентни пријави, постигнато е зголемување: бројот на домашните патентни пријави е зголемен од 37 во 2011 на 50 во 2012 година или за 26,0%, а учеството на истите во вкупниот број поднесени патентни пријави е зголемено од 9,1% на 10,1%.

 

Во прилог ви го доставуваме целосниот документ кој може да го симнете за повеќе детали.

***


Превземи

Објавено на 25.03.2014