| | Sitemap | EN | SQ
Кој може да биде застапник - Упатство
У П А Т С Т В О
за застапување во постапката за заштита на правата од индустриска
сопственост

За  застапувањето  при  заштита  на  индустриската  сопственост,  како посебен вид сопственост кој има големо значење не само за поединецот туку за целата заедница, е  потребна посебна стручност и познавање од областа  на  индустриската  сопственост,  со  цел  да  се  обезбеди  уставна гаранција  на  правата  што  произлегуваат  од  научното  творештво.

Основна задача на застапникот е нудење професионална правна помош и  професионални  услуги  на  заинтересираните  лица.  Застапниците  ги советуваат  своите  станки  при  заштитата  на  пронајдоци  и  знаци  за разликување, изработуваат писмени барања за признавање на правата од индустриската сопственост, а посебно при прометливоста на правата.

Тој пред  се треба да дејствува чесно и совесно. Застапникот е обврзан на чување на тајна за сите активности што ги врши како застапник; оваа обврска ќе продолжи дури и кога ќе престане со застапувањето.

КОЈ МОЖЕ ДА ГО ВРШИ ЗАСТАПУВАЊЕТО?

Законот  за  индустриска  сопственост  прави  разлика  на  домашни  и странски  правни  лица.  Имено  во  постапката  пред  Заводот  и  пред органите  на  државната  управа,  странските  правни  и  физички  лица  ги остваруваат своите права преку полномошник кој е домашно правно или физичко лице регистрирано за застапување во областа на индустриската сопственост.

Домашните лица можат да ги остварат своите права лично односно преку законскиот застапник, но може да ангажираат и застапник
од индустриската сопственост. Ова прозлегува од Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост.


Застапување  на  странките  во  постапката  за  заштита  на  правата  од индустриска  сопственост  пред  Заводот  и  пред  органите  на  државната управа  можат  да  го  вршат  физички  и  правни  лица  кои  се  запишани  во регистарот што го  води Заводот. Во регистерот на застапници може да се  запишат:  физичко  лице  кое  има  завршено  правен  или  еден  од техничките  факултети  и  положен  специјалистички  испит  од  областа  на индустриската  сопственост  или  посебен  испит  од  областа,  положен  во Заводот,  и  правно  лице  кое  има  вработено  најмалку  едно  лице  со завршен  правен  или  еден  од  техничките  факултети  и  положен специјалистички  испит  од  областа  на  индустриската  сопственост  или посебен испит од областа, положен во Заводот.


ЗОШТО  Е  ПОТРЕБЕН  СТРУЧНИОТ  ИСПИТ  ЗА  ЗАСТАПНИЦИ  ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА ОД ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ?

Знаењето  во  врска  со  постапката  за  заштита  на  правата  од индустриската  сопственост  не  се  стекнува  преку  редовните  студии  на правниот  ниту  на  било  кој  од  техничките  факултети.  Оваа  област  е специфична  и  бара  висок  степен  на  едукација,  целосно  познавање  на постапката  за  заштита  на  правата  пред  Заводот  како  и  познавање  на меѓународната  легислатива.  Пропишувањето  на  посебни  услови  за заштита  на  индустиската  сопственост  претставува  гаранција  за стручност  и  квалификуваност  во  заштитата  на  индустриската сопственост. Посебно е значајна улогата на застапниците при водење на постапките  за  заштита  на  правата  од  индустриската  сопственост  пред судовите. 

Стручното  застапување  на  странките  претставува  своевиден придонес за зголемување на ефикасноста на судската заштита воопшто. Овој  испит  мора  да го  полагаат  и  адвокатите,  за  да  имаат  право  да  ги застапуваат странските физички и правните лица.Согласно  тоа,  Заводот  организира  стручен  испит  за  застапници  за заштита на правата од индустриската сопственост.
Стручниот  испит  за  застапници  може  да  го  полага  физичко  лице  со завршен правен или еден од техничките факултети и платени трошоци за полагање на испитот. Се одржува еднаш годишно, а може да се одржи и  повеќе  пати  во  зависност  од  интересот.  Одржувањето  на  испитот  се објавува во два дневни весници.

Составен дел на Правилникот е Програма за полагање на стручниот испит  за  застапници  за  заштита  на  правата  од  индустриската
сопственост. Испитот се полага пред испитна комисија составена од председател, четири члена, нивни заменици и секретар и тоа со мандат од две години, а по истекот на тој рок членовите можат да бидат повторно именувани.Лицата  кои  сакаат  да  полагаат  стручен  испит  поднесуваат  писмена пријава до  Заводот, која содржи: податоци за кандидатот: име, презиме, адреса,  телефон,  факс,  е-маил;  доказ  за  стручна  подготовка;  доказ  за платена такса за полагање на стручниот испит. Актите се доставуваат во
оргинал или заверена копија, во целина или само на делот од кој јасно произлегува дека основот е исполнет.
Поради специфичноста на материјата пред одржувањето на испитот се  одржуваат  предавања  во  кои  се  опфатени  сите  области  според Програмата.  Предавањате  се  одржуваат  последователно,  пет  работни денови, обично во попладневните часови.
Комисијата  може,  по  барање  на  кандидатот,  поради  оправдани причини,  да  го  одложи  полагањето  на  испитот,  но  најмалку  за  шест месеци.

Стручниот  испит  се  полага  писмено  и  усмено.  Во  писмениот  дел кандидатот обработува определени прашања од постапката за заштита на  индустриската  сопственост.  За  време  на  полагањето  на  писмениот дел дозволена е употреба на стручна литература.  Времетраењето  на испитот е 90 минути. Кандидатот кој успешно го положил писмениот дел истиот  ден  го  полага  и  усниот  дел,  а  најдоцна  во  рок  од  8  дена  од полагањето  на  писмениот  дел.  За  текот  на  усмениот  дел  се  води записник кон кој се приложува и писмената задача на кандидатот. За  секоја  тематска  област  кандидатот  добива  посебна  оценка.
Успехот на кандидатот се оценува вербално: “положил“ или “неположил“. На кандидатот кој го положил стручниот испит му се издава уверение за  положен  стручен  испит,  со  што  стекнува  право  на  впишување  во регистерот на застапници.
Ако  кандидатот  покажал  незадоволителни  познавања  до  три тематски  области  се  упатува  на  поправен  испит.  Поправниот  испит кандидатот  може  да  го  полага  во  рок  што  ќе  го  определи  испитната комисија,  но  не  покус  од  еден  ниту  подолг  од  шест  месеци.  Ако кандидатот покажал незадоволителни познавања на поправниот испит ќесе  смета  дека  не  го  положил  стручниот  испит  и  мора  повторно  да  го полага во целост.


Доколку кандидатот покажал незадоволителни познавања на четири или повеќе тематски области, целосниот успех на кандидатот се оценува со “неположил“. Кандидатот кој без оправдани причини не пристапи кон полагање на испитот  или  не  ја  редаде  работата  или  се  откаже  од  започнатото полагање на писмениот дел, ќе се смета дека не го положил стручниот испит.
Во последниот број од годината во службеното гласило на Заводот се објавува листата на лицата кои го положиле испитот за застапници за таа година.


ПОСТАПКА ОКОЛУ ВПИШУВАЊЕ ВО РЕГИСТАРОТ НА ЗАСТАПНИЦИ

Лицето кое го положил стручниот испит за застапници односно лице на кое му е признаен специјалистичкиот испит за застапници се стекнува со  право  да  се  впише  во  регистарот  на  застапници.  Во  регистарот  на застапници  се  запишуваат  физички  и  правни  лица  кои  активно  се занимаваат  со  застапување  на   странките  при  заштита  на  правата  за индустриска  сопственост,  односно  како  претежна  дејност  ја  имаат регистрирано  дејноста  74.11  од  Националната  класификација  на дејности.
Барањето за впишување во регистарот на застапници, се поднесува на  образец  ДЗИС-З1  во  три  примероци.  Во  прилог  на  барањето  се доставуваат: доказ за државјанство; доказ  за стручна подготовка; доказ за  работен  однос;  доказ  за  вршење  на  дејноста  за  застапување  од областа на индустриската сопственост; доказ за положен стручен испит; доказ за платена административна такса. Со  впишувањето  во  регистарот  секој  застаник  добива  регистарски број, а со плаќање на одредени трошоци, податоците при впишувањето во  регистарот  на  застапници  се  објавуваат  во  службеното  гласило  на Заводот.
Податоците  на  регистрираните  застапници  се  објавуваат  на  веб страната на Заводот како и се доставуваат до заинтересираните странки со што се прави еден вид нивно промовирање. Изводот од регистарот на застапници се објавува еднаш годишно во
првиот број на гласилото на Заводот.По барање на застапникот, Заводот издава и потврда дека е редовен застапник  од  областа  на  заштитата  на  правата  од  индустриската сопственост.

ОБНОВУВАЊЕ НА ВПИШУВАЊЕ ВО РЕГИСТАРОТ НА ЗАСТАПНИЦИ

Барањето  за  обновување  во  регистарот  на  застапници  се  обновува пред  истекот  на  една  година  од  денот  на  впишувањето,  односно  од денот на обновувањето на впишувањето во регистерот. Се поднесува на образец ДЗИС-З-3, во два примероци.
Во прилог на барањето се доставува:
-  список  на  вработени  лица  кои  ги  исполнуваат  условите  за застапување;
-  доказ  за  работен  однос  на  тие  лица  (М1  и  М2  образци)  или писмена изјава дека тие лица се сеуште се вработени кај правното лице односно адвокатското друштво ;
-  доказ  за  вршење  дејност  на  застапување  од  областа  на индустриската сопственост односно решение за упис во судскиот
регистар  и  решение  за  распоредување  на  деловниот  субјект според претежната дејност;
-  доказ за платена административна такса во оргинал.

БРИШЕЊЕ ОД РЕГИСТАРОТ НА ЗАСТАПНИЦИ

Застапникот се брише од регистарот на застапници:
-  ако не побара обновување на впишувањето во регистарот
-  ако поднесе барање за бришење од регистарот
-  ако со судска одлука му е забрането вршење на застапување
-  ако не поднесе доказ дека ги исполнува условите за обновување на впишувањето во регистарот
-  физичко лице се брише од регистарот во случај на смрт и ако ја загуби деловната способност
-  правно  лице  се  брише  од  регистарот  со  престанок  на  правното лице.
Во  гласилото  на  Заводот,  по  службена  должност  се  објавуваат податоците за бришење на застапниците од регистарот на застапници.

ПОВТОРНО ВПИШУВАЊЕ ВО РЕГИСТАРОТ НА ЗАСТАПНИЦИ

Застапникот  кој  еднаш  бил  избришан  од  регистарот  на  застапници, може повторно да поднесе барање за впишување и при секое повторно впишување добива нов реден број.

 

Објавено на 15.11.2010