| | Sitemap | EN | SQ
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
1. Предмет за Законото
Член 1

(1) Со овој закон се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располаат органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините на градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овалстувања и дејност од јавен интерес, утврдени со закон (во понатамошниот текст.иматели на информации).

(2) Правото на слободен пристап до информации од јаван карактер се остварува согласно со овој и друг закон.

(3) Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите до јаван карактер ќе донесе Упатство за начинот и постапката за спроведување на овој закон.

2. Цел на законот
Член 2

(1) Со овој закон се обезбедува јавност и отвореност во работењето на имателите на информации, и им се овозможува на физичките лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

(2) имателите на информации за својата работа се должни да овозможат информарност на јавноста.

 

***

Во прилог ви го доставуваме комплетниот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер за симнување.

 


Превземи

Објавено на: 01.06.2011