| | Sitemap | EN | SQ
Пријава на патент

Во моментот кога ќе одлучите вашиот изум да го заштитите со патент, првата акција која ќе треба да ја превземете е да поднесете пријава која се состои од:

  • барање за признавање на патент на образец ДЗИС-П1 на А4 формат, во три примероци;
  • опис на пронајдокот;
  • едно или повеќе патентни барања;
  • кратка содржина на суштината на пронајдокот (апстракт);
  • нацрт (доколку е потребен) на кој се повикува описот и патентното барање.


Истотака кон пријавата се доставуваат и други состојки и прилози како што се:

  • превод на македонски јазик ако пријавата е поднесена на странски јазик;
  • доказ за платена соодветна административна такса и доказ врз основа на кој се темели намалувањето на таксата доколку постои основ за тоа;
  • овластување на застапникот ако пријавата се поднесува преку застапник;
  • податоци за други подносители и изјава за заеднички представник ако пријавата е поднесена од повеќе подносители;
  • податоци за други пронајдувачи;
  • изјава од пронајдувачот ако истиот не сака да биде наведен во пријавата;
  • доказ за правото на првенство ако е побарано право на првенство;
  • доказ за депонирање на живиот биолошки или микробиолошки материјал ако истиот е неопходен за опишување на пронајдокот;
    попис на нуклеотидни и/или аминокиселински секвенци ако пријавата содржи откривање на една или повеќе нуклеотидни и/или аминокиселински секвенци.


Сите овие состојки и прилози треба да содржат потпис и печат на подносителот на пријавата, односно на застапникот ако пријавата е поднесена преку застапник.

Објавено на 02.09.2013