По повод една година од примената на Front Office e-платформата се одржа едночасовна работилница на која Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија ги запозна своите надворешни соработници-Застапници, за досегашната работа користејќи го електронското поднесување на пријави и дополнителни поднесоци.
На почетокот на настанот се обрати на присутните Јелена Пеева, заменик директорот на Заводот која нагласи дека ќе се залага за да ја продлабочи меѓусебната соработката помеѓу Заводот, застапниците и другите корисници на правата од индустриска сопственост како и дека ќе учествува во активностите кои се однесуваат на електронските услуги и целосна дигитализација на постапките во предметната област.
Заменик раководител на Сектор, г-ѓа Ирена Данева нагласи дека потребата од дигитализација за ДЗИС и посебно Секторот на патенти е многу потребна со оглед на тоа што најголемиот процент на соработката од Заводот е со меѓународни и регионални организации, кои од поодамна се посветени на електронско поднесување на пријави на патенти и други услуги на релација на размена на податоците.
Во понатамошната работилница, тимот во создавањето на Front Office e-платформата, направи краток преглед на работата на оваа платформа во изминатата година и воедно не запозна со бројот на вкупно поднесени пријави и дополнителни поднесоци. Статистички беше покажано дека од 8060 поднесени достави, 2524 го користат електронскиот пат, користејќи го Front Office порталот, додека 5536 од нив се поднесени на традиционален начин во хартиена форма.
Од тука може да се заклучи дека сеуште не постои навика, од страна на корисниците, да поднесуваат поднесоци по електронски пат. Во текот на работилницата, еден од новите корисници на електронското поднесување нагласи дека започнал со поинтезивно користење на Front Office-платформата. Во таа насока тој нагласи дека ваквиот начин на работа многу повеќе му ја олеснило работата и дека целосно ќе се префрли на електронско поднесување. Воедно ги охрабри и останатите корисници да започнат да ја користат Front Office-платформата.
Кои се идните заложби на Front Office е-платформата:
Во новата верзија на Front Office e-платформата се предвидува докомплетирање на секциите при електронското поднесување кои можат да бидат превземени од други електронски портали, како што се правото на приоритет, класификацијата и делот на внесување на пронајдувачите.
Употреба на Bulk Transaction, метод преку кој се дозволува користење на XML листа, со која со едно барање се поднесуваат истовремено повеќе поднесоци. Во моментот Bulk Transaction е сеуште во фаза на тестирање.
Исто така, како еден од приоритетите на Заводот, заедно со Front Office e-платформата, е и воведувањето на on-line payment и негово поврзување со провајдер од Република Северна Македонија и негова целосна имплементација.
Заводот е во соработка со Министерството за информатичко општество, кое преку заеднички проект со Европската Унија, се залагаат за создавање и користење на заедничка корисничка сметка, која ќе може да се употребува за користење на услугите на Front Office e-платформата. и други услуги.