Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) го објавува ДОКУМЕНТОТ ЗА ПРАКТИКАТА (СР9), за дистинктивноста на тродимензионалните трговски марки (трговски марки што се сочинети од определена форма) и што содржат вербални и/или фигуративни елементи кога формата сама по себе не е дистинктивна.
Објавата на овој документ за практиката е резултат на заедничките напори на ДЗИС и Европскиот завод за интелектуална сопственост (ЕУИПО) за пронаоѓање заеднички основи со критериумите содржани во Заедничкото соопштение за заедничката практика за дистинктивноста на тродимензионалните трговски марки кога формата сама по себе не е дистинктивна (СР9). Документот за практиката обезбедува јасно и сеопфатно објаснување на принципите на кои практиката е заснована и генерално ќе се применува од ДЗИС и заводите за ИС кои се дел од Мрежата за интелектуална сопственост на Европската унија (EUIPN).
Овој документ, изработен во рамките на активностите за меѓународна соработка на ДЗИС и ЕУИПО, има за цел да ја зголеми точноста, транспарентноста, правната сигурност и предвидливоста во интерес на корисниците и испитувачите од заводите за индустриска/интелектуална сопственост. Документот исто така има за цел да биде референца и за сите други заинтересирани страни.
Документот се објавува заради запознавање на корисниците со практиката што ДЗИС ќе ја применува од 01/11/2024 година.
Документот за практиката е поделен на два дела. Првиот дел ги објаснува критериумите и главните принципи на практиката. Вториот дел содржи јасно и сеопфатно објаснување на тие принципи.
Документот е достапен ТУКА.
________________________________________
ДЗИС исто така ги има објавено и документите за практиката:
• CP3 – Дистинктивност – Фигуративни трговски марки што содржат дескриптивни/ недистинктивни зборови (MK/AL/EN)
• CP4 – Обем на заштита на црно-бели трговски марки (MK/AL/EN)
• CP5 – Релативни основи – Веројатност за забуна (влијание на недистинктивните/слабите компоненти (MK/AL/EN)