Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија (ДЗИС) го објавува документот за практика кој се однесува на недистинктивните/слабите елементи на трговските марки при испитување на релативните причини за одбивање поради постоење на веројатност за забуна.
Објавувањето на документот за практика е резултат на заедничките напори на ДЗИС и EUIPO за изнаоѓање заеднички основи со критериумите содржани во Заедничката практика за релативните причини за одбивање – веројатност за забуна (влијание на недистинктивните/слабите компоненти) (CP5). Принципите на практиката ќе бидат општо применети и имаат за цел да опфатат големброј на случаи.
Овој документ, изработен во рамките на активностите за меѓународна соработка на ДЗИС и ЕУИПО, има за цел да ја зголеми точноста, транспарентноста, правната сигурност и предвидливоста во интерес на корисниците и испитувачите од заводите за индустриска/интелектуална сопственост. Документот исто така има за цел да биде референца и за сите други заинтересирани страни.
Документот за практиката обезбедува јасно и сеопфатно објаснување на принципите на кои практиката е заснована и генерално ќе се применува од ДЗИС и заводите за ИС кои се дел од Мрежата за интелектуална сопственост на Европската унија (EUIPN).
Документот се објавува заради запознавање на корисниците со практиката што ДЗИС ќе ја применува од 06/04/2024 година.
Документот за практиката е поделен на два дела. Првиот дел ги објаснува критериумите и главните принципи на практиката. Вториот дел содржи јасно и сеопфатно објаснување на тие принципи.
Документот е достапен ТУКА.
ДЗИС исто така ги има објавено и документите за практика достапни на македонски, албански и англиски јазик:
• CP3 – Дистинктивност-фигуративни трговски марки што содржат дескриптивни/недистинктивни зборови(MK / AL / EN).
• CP4 – Обемот на заштита на црно-белите трговски марки ( MK / AL / EN).