Од 21 ноември 2022 година Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) преку алатката TMClass на EUIPO започнува целосно да ја користи Хармонизираната база на податоци на производи и услуги за регистрација на трговски марки и да ги прифаќа сите термини содржани во таа база. Сите термини одХармонизираната база на податоци се преведени на јазиците на сите заводи кои се дел од HDB.
По приклучувањето на ДЗИС во HDB, бројот на заводи за индустриска сопственост што ја користат Хармонизираната база на податоци, надвор од Европската унија, се искачи на 26, додека вкупниот број на национални и регионални заводи што се потполно интегрирани во ТМClass, вклучително и: ARIPO, OAPI, WIPO и EUIPO, е 91.
TMclass им дава можност на корисниците да пребаруваат и да ги преведуваат производите и услугите на кој било / и од кој било / јазик од 44-те достапни јазици, како и да ги верифицираат термините согласно Ничанската класификација.
Усвојувањето на HDB од ДЗИС е резултат на Програмата за меѓународна соработка на ЕУИПО со меѓународните партнери и конкретно, соработката помеѓу ЕУИПО и ДЗИС.
Повеќе информации може да се најдат наwww.euipn.org иhttp://euipo.europa.eu/ec2