Државниот завод за индустриска сопственост учествуваше на Регионален вебинар за заштита на географските индикации и ознаките на потекло, организиран од Светската организација за интелектуална сопственост и Државната агенција за интелектуална сопственост на Република Молдавија.
Целта на вебинарот беше размена на искуства за употребата на системот за заштита на географските ознаки и ознака на потекло, како и обезбедување информации за најновите достигнувања поврзани со Лисабонскиот систем за меѓународна заштита на ознаките за потекло и географските ознаки.
Гости беа претставници на национални институции и агенции од регионот на земјите од Централна Европа и Балтичките земји кои се занимаваат со заштита на географски ознаки.
На вебинарот исто така се споделија искуства на земјите вклучени во однос на географските ознаки и ознаките на потеклото, како и развојот на настаните во оваа област.