| | Sitemap | EN | SQ
Директор на Државниот завод за индустриска сопственост

Горан Герасимовски ја презема фунцијата Директор на Државниот завод за индустриска сопственост на 22 Октомври 2020 година.

Горан Герасимовски е роден на 09.01.1982 година во Скопје, каде завршува основно и средно образование.

Во академската 2000/01 година се запишува на Филозофски факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, каде дипломира во 2004 година.

Во академската 2010/2012 година се запишува на постдипломски студии на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, каде во 2012 година со одбраната на магистерскиот труд се стекна со научен степен магистер на менаџмент на човечки ресурси.

Август 2017 – Септември 2020 - Заменик директор на Државниот завод за индустриска соптсвеност & Претседавач на координативното тело за индустриска сопственост во Скопје.

2014 – Август 2017 - Директор на човечки ресурси и истражувања на Агенција Рејтинг, агенција за испитување на јавното мислење и спроведување на комуникациски стратегии во Скопје.

2011 – 2014 - Сениор проект менаџер на Агенцијата Рејтинг.

2009 – 2011 - Проект менаџер на Агенцијата Рејтинг.

2006 – 2008 - Државен службеник приправник на Државен завод за статисктика.

М-р Горан Герасимовски има учествувано на многу симпозиуми, национални и интернационални конференции и тркалезни маси во Република Северна Македонија и надвор од државата, во соработка со домашни и меѓународни организации и тела.

Објавено на 28.12.2020