При составување на пријавата на за трговска марка а со цел да добиете квалитетна заштита, да немате грешки и да ги запазите сите рокови, барајте помош и совет од регистриран застапник. На овој начин може да го отстраните ризикот за недоволна и несоодветна заштита.
Напомена: Домашните правни и физички лица за информации и помош при составувањето на пријавата како и за другите прашања кои се поврзани со заштитата на правото на трговска марка може да се обратат (по телефон, е-маил, лично) до Секторот за трговски марки, индустриски дизајн и географски називи во Државниот завод за индустриска сопственост.