Постапката за меѓународна регистрација на трговска марка се поведува со поднесување пријава за меѓународна регистрација до Заводот, согласно Мадридскиот Договор, односно Мадридскиот протокол.
По приемот на пријавата за меѓународна регистрација, Заводот испитува дали пријавата е поднесена во согласност со одредбите на Правилникот.
Уредната пријава Заводот ја доставува до Меѓународното биро на Светската организација за интелектуална сопственост во согласност со одредбите на Мадридскиот договор или Мадридскиот протокол и Правилникот на Мадридскиот договор и Мадридскиот протокол.
Упатство за меѓународна регистрација на ТМ