Пријавата на трговска марка мора да содржи:
- барање за признавање на правото на трговска марка;
- податоци за подносителот на пријавата;
- изглед на знакот за кој се бара заштита, и
- список на стоките и услугите за кои се бара заштита.
Освен горенаведените задолжителни состојки, кон пријавата се доставуваат и други состојки и прилози.
Содржината и формата на пријавата и другите состојки и прилози кон пријавата подетално се утврдуваат со Правилникот за трговска марка.