| | Sitemap | EN | SQ
Колкаво е времетраењето на правото на употреба на ознаката на потеклото? Лицето внесено во регостерот на корисници на ознаката за потекло, од датата на внесувањето, станува авторизиран корисник и со тоа му е дозволено правото да ја употребува ознаката за потекло 5 години од датата на внесувањето. Ова право може да биде продолжено неограничен број пати со одлука на Бирото, а по барање на авторизираниот корисник и секое продолжување важи за следните 5 години. Продолжувањето на важноста се одобрува ако се задоволени условите за добивање на правото за користење на ознаката за потекло.

Објавено на: 06.09.2013