Одговорноста за одржување на правото на патент е исклучиво на носителот на правото. Затоа, носителот треба самиот да го следи пазарот за да утврди евентуална повреда на правото на патент, и доколку има самиот да превземе соодветни мерку за спречување на злоупотребата.
Доколку не сте добри познавачи на патентните права, во случај на спор за повреда на правото, препорачливо е да побарате помош од професионален застапник.
Патентот престанува да важи по истекот на 20 години, со неплаќање на годишните такси за одржување на правото, со повлекување или ако Заводот го поништи решението за признавање на правото на патент.