Пред да се одлучите да поднесете пријава, важно е да знаете што сè може да се заштити со патент за да може да видите дали вашиот пронајдок ги исполнува условите за да може да биде заштитен со патент.
За да се заштити со патент, пронајдокот треба да e:
- нов
- да содржи инвентивен придонес
- може да се применува во индустријата
Постојати пронајдоци кои не можат да се заштитат со патент.Тука спаѓаат пронајдоците кои се однесуваат за животински видови и растителни сорти и чисто биолошките постапки за добивање на животни и растенија , освен пронајдоците за микробиолошките процеси и производите добиени од таквите процеси, пронајдоците за хируршка и дијагностичка постапкаили постапка за третман на живо човечко око или животинско тело, со исклучок на пронајдок, кој се однесува на производ,особено материја или соединение,кои случат за примена на една од овие постапки и пронајдоците чие објавување или примена е спротивно на јавниот поредок или моралот, со тоа што примената на пронајдокот не може да се смета како таква единствено заради фактот што е забранета со закон.
Откритијата, научните теории и математичките методи,естетските творби, плановите,правилата и постапките за вршење интелектуална дејност,за игри или за вршење на деловни или бизнис активности,како и компјутерските програми,прикажувањето на информации не се сметаат за пронајдоци освен ако пријавата на патент не се однесува на некој од тие предмети,сам по себе.
Секогаш пред да донесете одлука за поднесување на пријава за патент, консултирајте се со експерти за патентна заштита со цел да ви кажат дали вашиот пронајдок спаѓа во некоја од горенаведените категории.