| | Sitemap | EN | SQ
Што треба да содржи пријавата
Пријавата на патент треба да содржи:

- барање за признавање на патент на образец ДЗИС-П1 на А4 формат, во три примероци;
- опис на пронајдокот;
- едно или повеќе патентни барања;
- кратка содржина на суштината на пронајдокот (апстракт);
- нацрт (доколку е потребен) на кој се повикува описот и патентното барање.


Кон пријавата во писмена форма се поднесуваат следните состојки и прилози:

- доказ за платена соодветна административна такса и доказ врз основа на кој се темели намалувањето на таксата доколку постои основ за тоа;
- овластување на застапникот ако пријавата се поднесува преку застапник;
- податоци за други подносители и изјава за заеднички представник ако пријавата е поднесена од повеќе подносители;
- податоци за други пронајдувачи;
- изјава од пронајдувачот ако истиот не сака да биде наведен во пријавата;
- доказ за правото на првенство ако е побарано право на првенство;
- доказ за депонирање на живиот биолошки или микробиолошки материјал ако истиот е неопходен за опишување на пронајдокот;
- попис на нуклеотидни и/или аминокиселински секвенци ако пријавата содржи откривање на една или повеќе нуклеотидни и/или аминокиселински секвенци;
- превод на македонски јазик ако пријавата е поднесена на странски јазик.

Состојките и прилозите треба да содржат потпис и печат на подносителот на пријавата, односно на застапникот ако пријавата е поднесена преку застапник.

 

 

Превземи

Објавено на 01.09.2013