| | Sitemap | EN | SQ
Постапка на испитување и признавање на патентот

По поднесување на пријавата за признавање на правото на патент во Државниот завод за индустриска соптвеност, се испитува уредноста на пријавата т.е. дали пријавата ги има сите содржини кои се предвидени со закон:

  • барање за признавање на патентот
  • име односно назив и живеалиште, односно седиште на подносителот на пријавата
  • опис на пронајдокот и едно или повеќе патентни барања

Ако пријавата е уредна, Заводот га утврдува датумот на поднесување на пријавата со што подносителот на пријавата се стекнува со право на првенство.

Пријавата потоа се запишува во Регистерот за пријави на патенти.

Откако горенаведеното ќе заврши, патентните испитувачи на Државниот завод за индустриска сопственост ги испитуваат поднесените пријави и тоа:
Прво формално се испитува пријавата со што се утврдува дали е платена потребната такса, дали е доставен преводот ако пријавата е составена на странски јазик, нацртите како и уредното полномошно за застапување доколку пријавата е поднесена преку застапник.

Ако условите се исполнети тогаш се поминува на наредната фаза на испитувањето во која се проверува дали пријавата ги има сите состојки што една пријава на патент треба да ги има и се проверува (преку описот, патентните барања и нацртот) дали предметот на пријавата е пронајдок кој може да се заштити со патент. Во случај на недостатоци Заводот писмено го известува подносителот на пријавата да ги отстрани истите.

Ако се исполнети сите услови Заводот донесува Заклучок и го повикува подносителот да ги плаши трошоците за објавување на патентот и трошоците за издавање на исправа на патент. Откако овие трошоци ќе бидат платени Заводот донесува Решение за признавање на правото на патент и соодветно ќе го извести носителот на правото. Податоците од решението се објавуваат во службеното гласило на Заводот.

 

Објавено на 02.09.2013