| | Sitemap | EN | SQ
Меѓународна класификација на патенти

Патентите се класифицираат согласно техничката содржина на пронајдокот во групи и подгрупи спрема Меѓународната класификација на патенти (МКП).

Класификацијата опфаќа 8 технички подрачја означени со букви од А до H) подолени во подгрупи кои понатаму се делат на класи и подкласи. Добро е да самиот подносител на пријавата на патент, при поднесувањето да ја определил класификацијата на пронајдокот.

Но доколку не е во можност тоа да го направи, тогаш класификацијата ја прават патентните испитувачи на Заводот.

Целокупната содржина на класификацијата на англиски и на француски јазик може да се најде на интернет страницата на Светската Организација за Интелектуална Сопственост (WIPO): www.wipo.int/classifications/en/.

 

Објавено на 01.09.2013