| | Sitemap | EN | SQ
Кој може да пријави патент


Постапка за признавање на правото на патент може да поведе пронајдувачот (физичкотот лице кое го создало пронајдокот со својот пронајдувачки труд) и неговиот правен следбеник (правно или физичко лице чие признавање на правото на патент се темели врз закон,правна работа,наследување и судска одлука).


Ако пронајдокот е производ на заедничка работа на повеќе пронајдувачи тогаш правото за поведување на постапка за признавање на правото на патент им припаѓа на сите пронајдувачи или нивните правни следбеници.


Работодавецот се смета за правен следбеник на пронајдувачот кога врз основа на закон или договор за работа му припаѓа правото на стекнување на патент за пронајдок создаден во рамките на работниот основ на пронајдувачот.
Не се смета за пронајдувач оној кој во создавањето на пронајдокот пружал само техничка помош.

 

Објавено на 02.09.2013