| | Sitemap | EN | SQ



Програма за конкурентност, иновации и претприемништво за 2015 година

Министерството за економија во годишната Програма за конкурентност, иновации и претприемништво за 2015 година ("Службен весник на Република Македонија", бр. 194/2014) има предвидено соодветна мерка за поддршка за зголемување на конкурентноста на македонската индустрија, во чии рамки е и поддршка на патенти.

За поддршка на патенти, преку Програмата се доделуваат средства на иноваторите за соодветни активности наведени во Програмата.

За доделување на средства за поддршка на патенти е објавен јавен повик во печатените медиуми, а Јавниот повик и формуларите и постапката за аплицирање се достапни и на ВЕБ страната на Министерството за економија www.economy.gov.mk и www.konkurentnost.mk.

21.01.2015