| | Sitemap | EN | SQ



Се одржа 8-мата седница на КТИС

Членките на Координативно тело за интелектуална сопственост,Царинската управа и Пазарната инспекција на 6 септември 2019 година спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на цигари, режан тутун и други тутунски производи на пазарите во Тетово.

Во акцијата се запленети 69 кутии по 500 грама режан тутун или вкупно 34.5 килограми и 2.156 кутии различни марки на цигари. Кај кутиите за режан тутун се констатирани и прекршувања на правата на интелектуална сопственост односно недозволено се користени имиња и ознаките на марките WEST, Marllboro (Marbor) и Winston. Стоката е запленета, а против сторителите се поднесени соодветни пријави.

Сериозноста на проблемот и обемот на штетите што нелегалната трговија со тутун и тутунски производи го предизвикува, а која во последно време се надополнува и со повреда на правата на интелектуална сопственост бара континуирани напори за спречување на нелегалниот промет и спречување на повреда на правата на интелектуална сопственост.На овие производи не е познат составот, потеклото, начинот на производство и нивно чување. Во оваа акција пронајдени се производи за кои допрва ќе се испитува составот кој според првите проценки има мал процент тутун.

Со акциите за сузбивање на нелегалната трговија ја штитиме конкурентноста, се штити и легалното производството и лиценцираните производители,го спречуваме неплаќањето на давачки кон државата и дополнително придонесуваме за заштита на здравјето на луѓето што може да биде загрозено со употреба на непроверени производи пуштени во промет на нелегален начин.

Против сторителите, како и досега, така и понатаму ќе се преземаат најстроги санкции со цел спречување на оваа појава. 

27.09.2019