| | Sitemap | EN | SQ



Потпишан билатерален договор за соработка

Director Safet Emruli signedНа 10 јули 2014 година во Минхен, потпишан Билатералниот договор за соработка помеѓу д-р Сафет Емрули, директор на Државниот завод за индустриска сопственост и г-динот Франсоа Режис Ханар, Директор на одделот за европска и меѓународна соработка во Европскиот завод за патенти.

Билатералниот договор за соработка е заснован на стратешкиот документ за Соработката со државите членки на Европската патентна организација за 2012-2015, одобрен со одлука на Административниот совет содржана во документот CA/85/11.

Соработката помеѓу двата Завода ќе се одвива и е заснована на три основни столба кои се однесуваат на:

  •  јакнење на капацитетот на Заводот преку обуки, семинари и работилници;
  •  подигање на нивото на размена на податоци помеѓу Заводите и
  •  подготовка на материјали за обука и прмоција на патентите и иновациите.

Соработката на Државниот завод за индустриска сопственост со Европскиот завод за патенти ќе продолжи да се одвива и на извршно ниво во телата и органите на Организацијата

16.07.2014