| | Sitemap | EN | SQ



Меѓународната изложба на жени пронајдувачи ” KIWIE 2014”, Сеул, Јужна Кореја (16 - 19 мај 2014)

Во Меѓународната изложба организирана од меѓународната организација на жени пронајдувачи од Кореа ” KIWIE 2014” која се одржа од 16 до 19 мај во Сеул, Јужна Кореја, учестуваа жени пронајдувачи од 17 земји од Азија, Европа и Африка. Државниот Завод за Индустриска Сопственост на Република Македонија учествуваше со два пронајдокот, и тоа со патенот кој беше прогласен за патент на годината за 2013 год. на пронајдувачите Ресми Зиба, Ваид Ајро, Момчула Јорданоски, Валентина Пеливанова и пронајдокот од областа на медицината на пронајдувачот Др. Лилјана Симјановска. Пронајдоците на изложбата беа вреднувани од Стручната комисија на KIWIE 2013, составена од членови, експерти од различни области на науката и техниката како и со специјални награди од други претставници од земјите учесници на изложбата.
Стручната комисија на KIWIE 2014, за презентираните македонски пронајдоци ги додели следните награди:


1. СРЕБРЕН МЕДАЛ со диплома за пронајдокот “ТЕХНИЧКО ТЕХНОЛОШКО РЕШЕНИЕ ЗА ТРЕТИРАЊЕ И ПРЕРАБОТКА НА ОТПАДЕН МИЛ ОД СТАНИЦИТЕ ЗА ПРЕЧИСТУВАЊЕ НА КОМУНАЛНИ ОТПАДНИ ВОДИ И ДОБИВАЊЕ НА КОМБИНИРАНО ОРГАНСКО-МИНЕРАЛНО ЃУБРИВО” на пронајдувачите Ресми Зиба, Ваид Ајро, Момчула Јорданоски и Валентина Пеливанова.


2. БРОНЗЕН МЕДАЛ со диплома, за пронајдокот “CO2 ИНКУБАТОР СО УРЕД ЗА ДИРЕКТНО КОНТРОЛИРАНО ЈОНИЗИРАЊЕ НА ВОЗДУХ” на пронајдувачот Др. Лилјана Симјановска.
За време на свеченото доделување на специјалните наградите од страна на организаторот, специјалната наградата доделена од страна на председателот на Федерацијата на коренаската индустрија, г-динот Chang Soo Huh ја доби пронајдокот на пронајдувачите Ресми Зиба, Ваид Ајро, Момчула Јорданоски, Валентина Пеливанова беше. Истиот пронајдок доби и Диплома од Првиот институт на пронајдувачи и истражувачи на Исламската Република Иран.

Специјални награди од страна на претставници од земјите учесници на изложбата доби и пронајдокот “CO2 ИНКУБАТОР СО УРЕД ЗА ДИРЕКТНО КОНТРОЛИРАНО ЈОНИЗИРАЊЕ НА ВОЗДУХ” на пронајдувачот Др. Лилјана Симјановска, и тоа :
1. - ЗЛАТЕН МЕДАЛ со Диплома од Асоцијацијата на жени инвентори “NOVA” во Босна и Херцеговина
2. - Диплома од IFIA – Меѓународната федерација на здружението на пронајдувачите со седиште во Саудиска Арабија.

12.06.2014