Државниот завод за индустриска сопственост во соработка со Светската организација за интелектуална сопственост на 20 и 21 мај 2014 година одржува Регионална работилница на тема: Работиме заедно на промоција на знаењето, трансферот и комерцијализацијата на правата од интелектуална сопственост.
На работилницата, освен посебниот осврт на состојбата на овој план во Република Македонија, ќе бидат пренесени искуства од Албанија Романија и Србија.
Насоки за унапредувањето на трансферот и комерцијализацијата на правата од интелектуалната сопственост генерирани на универзитетите, ќе дадат еминентни представнци од Светската организација за интелектуална сопственост, Шпанија и Шведска.
На работилницата ќе биде направена промоција на програмите на Владата на планот на иновациите.
Во прилог на овој допис ви ја доставувам програмата на англиски јазик.
Во прилог ви ги доставуваме материјалите од работилницата, како презентации, документи итн...
Локација:
Хотел Соун
Ул. Никола Вапчарев бр.10
1000 Скопје