Извештај
од
Претставувањето на Република Македонија на Меѓународната изложба на
“Идеи-Пронајдоци-Нови Производи”
IENA 2013, Нирнберг, Германија
(31.10-3.11.2013)
Делегацијата од Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија во состав: г-дин Али Асани, државен советник и г-ѓa Ирена Данева, раководител на одделението за технолошко набљудување, учествуваше на меѓународната изложба на идеи-пронајдоци-нови производи-IENA2013 година, која се одржа од 31 октомври до 3 ноември, во Нирнберг, Германија. На изложбата учество зедоа 32 земји, кои се претставија со повеќе од 700 пронајдоци.
Република Македонија, со цел да го промовира македонското пронаоѓаштво во меѓународни рамки учествуваше на овој меѓународно признат саем. На изложбата беа презентирани пет пронајдоци при што уште еднаш се потврди дека пронајдоците од македонските иноватори кои се предмет на заштита со правата од индустриска сопственост се вредни за комерцијализација и трансвер на технологии на национално и меѓународно ниво.
Македонскиот штанд привлече големо внимание не само на Меѓународното жири туку и на останатите учесници на саемот како и на посетителите.
Свеченото доделување на наградите на IENA 2011 се одржа на 2 ноември 2013 година.
Беа доделени следниве награди:
- на пронајдувачите Ресми Зиба, Момчула Јорданоски, Валентина Пеливанова и Ајро Ваит, за пронајдокот “ТЕХНИЧКО ТЕХНОЛОШКО РЕШЕНИЕ ЗА ТРЕТИРАЊЕ И ПРЕРАБОТКА НА ОТПАДЕН МИЛ ОД СТАНИЦИТЕ ЗА ПРЕЧИСТУВАЊЕ НА КОМУНАЛНИ ОТПАДНИ ВОДИ И ДОБИВАЊЕ НА КОМБИНИРАНО ОРГАНСКО-МИНЕРАЛНО ЃУБРИВО“ беа доделени:
- Златен медал од стручното жири
- Златен медал од Меѓународната федерација на здруженијата на инвентори - IFIA
- Златен медал и диплома од Здружението на пронајдувачи на Полска
- Диплома од Асоцијацијата на жени инвентори “NOVA” во Босна и Херцеговина.
-на пронајдувачите Захариев Игор и Чавдаров Ристо, за пронајдокот “МЕХАТРОНИЧКИ МОДУЛ –УПРАВУВАЊЕ ДО 5 ПУМПИ СО ДВОЈНА ПОВРАТНА ВРСКА, АЛАРМЕН СИСТЕМ СО ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА, УЛТРАЗВУЧНА РЕГУЛАЦИЈА И МОБИЛНА КОНТРОЛА“ беа доделени:
- Златен медал од стручното жири
- Златен медал “ARCA” од Хрватската заедница за техничка култура
-на пронајдувачот Рашковски Драги, за пронајдокот “СИСТЕМ И УРЕДИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ НА СИТЕ ФОРМИ НА ПОСРЕДНА И НЕПОСРЕДНА ДЕМОКРАТИЈА“ беа доделени:
- Сребрен медал од стручното жири
- Пехар со диплома од Здружението на пронајдувачи на Полска
- на пронајдувачот Веле Нелковски, за пронајдокот “ЕЛЕМЕНТИ ЗА УНИВЕРЗАЛНО БРЗО МОНТАЖНО СКЕЛЕ - ПЛАТФОРМА“ бea доделени:
- Златен медал и диплома од здружението Руска асоцијација за научна и технолошка меѓународна соработка
- на пронајдувачот Мирко Узелац, за пронајдокот “АБРОЗИВНИ ЧИСТАЛИЦИ ЗА САДОВИ И САНИТАРИИ СО ДОДАТНИ ЕЛЕМЕНТИ“ беa доделени:
- Специјална награда и диплома од Првиот институт на пронајдувачи и истражувачи на Исламската Република Иран
3/11/2013
Нирнберг, Германија