СЕМИНАРИ ОРГАНИЗИРАНИ ВО РАМКИТЕ НА БИЛАТЕРАЛНАТА СОРАБОТКА НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ И НА ЕВРОПСКИОТ ЗАВОД ЗА ПАТЕНТИ
Семинар на тема “Развојот на интелектуалната сопственост во Република Македонија со осврт на хармонизацијата на легислативата и Европската патентна конвенција се одржа на:
- 6 Септември, 2011 на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје за студентите на мастер студиите од Правниот и Економскиот факултет и
- 9 Септември, 2011 на Државниот Универзитет во Тетово за студентите на мастер студиите од Правниот и Економскиот факултет.
Предавачи и теми на семинарот беа:
- д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска,–Хармонизација на националното законодавство од областа на патентите со Регулативите и Директивите на ЕУ;
- м-р Неда Здравева, - Меѓународни извори на правото на интелектуална сопственост;
- м-р Ненад Гавриловиќ – Европски стандарди за заштита на интелектуалната сопственост;
- д-р Борче Давитковски – Административниоте аспекти на заштитата на индустриската сопственост;
- д-р Арсен Јаневски – Споровите во интелектуалната сопственост; и
- м-р Ирена Јакимовска – Пребарување на патентните бази на податоци
На истата тема, на македонски и англиски јазик ќе биде испечатена брошура и истата ќе се објави на веб-страницата на ДЗИС.
Семинар на тема “Интелектуалната сопственост и економијата” наменет за малите и средни претпријатија, претприемачите и бизнис менаџерите се одржа на 14 Септември 2011 година во просториите на Стопанската комора во Скопје
Предавачи и теми на семинарот беа:
- д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, - Комерцијализација на правата од ИС;
- м-р Неда Здравева - Авторското право во бизнис секторот;
- м-р Ненад Гавриловиќ - Правата од индустриска сопственост во бизнис секторот;
- д-р Борче Давитковски - Административна постапка за заштита на правата од ИС;
- д-р Арсен Јаневски - Спроведување на правата од ИС; и
- м-р Ирена Јакимовска – Пребарување на патентните бази на податоци
На истата тема, на македонски и англиски јазик ќе биде испечатена брошура и истата ќе се објави на веб-страницата на ДЗИС.