| | Sitemap | EN | SQ



КТИС активност за периододт јуни-август 2012

Координативното тело за интелектуална сопственост за периодот јуни-август 2012 спроведе четири координирани акции врз 37 правни лица. Во овие акции одземени се вкупно 105 предмети со кои се повредени авторските права и сродните права (48 компјутери кои користат нелиценциран софтвер и 57 ресивери) и 80 предмети со кои се повредени правта од индустриска сопственост (80 парчиња лагери).

Од страна на Министертвото за внатрешни работи ќе бидат поднесени 18 кривични пријави. Државниот пазарен инспекторат поднесе 1 барања за поведување на прекршочна постапка, спроведе 6 едукации и издаде 4 платни налози за уплата на глоба. Управата за јавни приходи издаде 12 платни налози за уплата на глоба за правното лице и за одговорното лице кај правното лице и изрече 12 мерки забрана за вршење на дејност.

Министерството за култура издаде 3 платни налози за уплата на глоба за сторен прекршок. Координираните акции се спроведени во Охрид, Тетово, Скопје и Струга

 

Град Субјекти Одземени предмети Издадени платни налози за уплата на глоба Поднесени пријави Привремена забрана за вршење на дејност
  Физички лица Правни лица Авторско право и сродни права Права на индустриска сопственост   Прекршочни барања Кривични пријави  
Охрид  
17
73
 
10
 
7
3
Тетово  
9
17
 
5
 
5
5
Скопје  
1
 
80
 
1
   
Струга  
10
15
 
4
 
6
4
                 
Вкупно  
37
105
80
19
1
18
12

 

На 26 и 27 јуни 2012 година се одржа ТАИЕЏ експертската мисија „Борба против фалсификуваните лекови како предмет на кривично гонење”. На обуката учествуваа членовите на Координативното тело за интелектуална сопственост, претставник од Државниот завод за индустриска сопственост, претставник од Бирото за лекови и судија од Основниот суд Скопје И Скопје.

20.09.2012