| | Sitemap | EN | SQ



Меѓународна изложба на идеи "IENA 2012"

Делегација од Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија ќе учествува на меѓународната изложба на идеи, пронајдоци и нови производи "IENA 2012", која ќе се одржи во временскиот период 1-4 ноември 2012 во Нирнберг, Германија.
На македонскиот штанд ќе бидат изложени пет пронајдоци кои беа претходно селектирани од страна на избрана комисија.


Покрај основата, улога на Заводот за водење на административната процедура за признавање на правата од индустриска сопственост, Заводот учествува на меѓународни изложби, кои се предвидени со годишната програма со цел да ги промовира пронајдоците од македонските пронајдувачи кои се предмет на заштитата со правото на патент.

 

29.10.2012