| | Sitemap | EN | SQ



Активности на КТИС за период септември-ноември 2012 год

Координативното тело за интелектуална сопственост за периодот септември-ноември 2012 спроведе тринаесет координирани акции врз 86 правни и 3 физички лица. Во овие акции одземени се вкупно 171 предмет со кои се повредени авторското право и сродните права (25 компјутери кои користат нелиценциран софтвер, 92 ресивера, 3 картички за декодирање, 50 книги и 1 компјутер кој се користи за умножување книги) и 213 предмети со кои се повредени правата од индустриска сопственост (213 парчиња текстил).

Од страна на Министертвото за внатрешни работи ќе бидат поднесени 26 кривични пријави. Државниот пазарен инспекторат поднесе 3 барања за поведување на прекршочна постапка, спроведе 2 едукации и издаде 3 платни налози за уплата на глоба. Управата за јавни приходи издаде 3 платни налози за уплата на глоба за правното лице и за одговорното лице кај правното лице и изрече 3 мерки забрана за вршење на дејност.

Министерството за култура издаде 3 платни налози за уплата на глоба за сторен прекршок. Координираните акции се спроведени во Скопје, Гевгелија и Струмица, Велес и Кавадарци, Охрид и Струга, Кочани, Куманово, Битола, Прилеп и Кичево, Пробиштип и Кратово, Дебар, Тетово и Скопје.



Град Субјекти Одземени предмети Издадени платни налози за уплата на глоба Поднесени пријави Привемена забрана за вршење на дејност
  Физички
лица
Правни
лица
Авторско право и сродни права Права од индустриска сопственост   Прекршочни барања Кривични пријави  
Скопје  
2
51
     
1
 
Гевгелија и Струмица  
4
10
     
1
 
Велес и Кавадарци  
12
20
   
1
4
 
Охрид и Струга  
5
5
     
2
 
Кочани  
11
40
     
6
 
Куманово  
10
6
 
4
 
3
2
Битола  
4
13
     
2
 
Прилеп  
2
           
Кичево  
2
17
     
2
 
Пробиштип и Кратово  
14
7
     
4
 
Дебар  
2
2
     
1
 
Тетово  
17
 
76
2
2
 
1
Скопје
3
1
 
137
3
     
                 
Вкупно
3
86
171
213
9
3
26
3

 

Координативното тело за интелектуална сопственост во соработка со ОБСЕ и Секторот за внатрешни работи Струмица, на 28.09.2012 година организираше работилница - тркалезна маса за заштита на правата од интелектуална сопственост на тема заштита на правото од пиратерија на нелиценцирани софтвери во областа на интелектуалната сопственост. Работилницата – тркалезна маса се одржа во Домот на армијата во Струмица, на барање на Секторот за внатрешни работи Струмица. Учество земаа инспекторите од Секторот за внатрешни работи со сите надворешни канцеларии за криминалистички работи, претседател на Основен суд Струмица и судии од судот, градоначалникот на општина Василево, стопанственици кои користат софтвер во своето работење како што се сметководители, геодетски друштва и продавачи на хардвер и софтвер за персонални компјутери од Струмица.

Со помош на TAIEX инструментот на Европската унија, во периодот од 06.11.2012 година до 08.11.2012 година во Стокхолм – Кралство Шведска беше остварена студиска посета со цел согледување на состојбата и преземање искуства од Кралството Шведска во однос на системот на спроведувањето на заштитата на правата од интелектуална сопственост од повреди преку интернет.

Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост во соработка со Советот за радиодифузија, на 12 и 13.11.2012 година организираше работилница на тема „Надзор на операторите на јавни комуникациски мрежи-кабелски телевизии во Република Македонија во областа на интелектуалната сопственост„. Учесто земаа инспектори по економски криминал од сите надворешни канцеларии за криминалистички работи и Одделенија за криминалистички работи во Секторите за внатрешни работи, како и преставник од Центарот за организиран криминал при Централните полициски служби. Целта на оваа работилница, беше олеснување на постапувањата на инспекторите по економски криминал, по членот 157 и 157 а и б од Кривичниот законик на Република Македонија, при контрола на авторски права за реемитување на програми во кабелски телевизии.

Од 20 до 22 ноември 2012 години, во Даниловград, Р. Црна Гора, претставници на КТИС, учествуваа на работилница за спроведување на правата од интелектуална сопственост, организирана од Регионалната школа за јавна администрација РеСПА. Целта на работилницата беше да се пренесе знаење и искуства на учесниците за: концептот на интелектуална сопственост и неговата важност во економијата, значењето на заштитата и спроведувањето на правата од интелектуална сопственост, поврзаните ЕУ регулативи, предизвиците во преговарањето со Европската Комисија во таа област, важноста на меѓуресорската соработка во однос на заштитата и спроведувањето на права од интелектуална сопственост итн.

 

10.12.2012