| | Sitemap | EN | SQ



Информација за уништување на предмети

На 12.12.2012 година на Депонијата Дрисла беше извршено јавно уништување на одземените производи со кои беа повредени правата од интелектуална сопственост во тековната година.

Предмет на уништувањето беа одземените производи при координирани акции на Координативното тело за интелектуална сопственост кои се одземени од овластени лица на соодветните надлежни институции и за кои се донесени правосилни и извршни кривични и прекршочни одлуки од страна на надлежните судови.

Во текот на ништењето беа уништени 30.000 пиратски предмети, 279 парчиња текстил (кошули, фармерки, долна облека, блузи и јакни) и 1401 парче модни додатоци (ремени, чанти, спортски торби и паричници).

 

13.12.2012