| | Sitemap | EN | SQ



Патент на годината 2012

Традиционално по деветнаесетти пат на 24 декември 2012 година во Хотел “Stone Bridge”, во организација на Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија, се одржа манифестацијата Патент на годината -2012.

На свечениот настан беа присутни пронајдувачи, претставници од стопанството, застапници и други еминентни гости кои директно и индиректно се вклучени во активностите на заштитата на правата од индустриска сопственост. Манифестацијата беше отворена со поздравниот говор од страна на директорот на Заводот г-динот Сафет Емрули.

На почетокот, во рамките на програмата беа презентирани пронајдоците на македонските пронајдувачи кои беа претставени на Меѓународната изложба на идеи, пронајдоци и нови производи – IENA 2012, која се одржа од 01 до 04 ноември во Нирнберг, Германија. Посебна нота на настанот и даде свеченото врачување од страна на заменик директор г-дин Мите Костов, на наградите доделени од страна на меѓународното жири и специјалните награди во следниот редослед:

-ЗЛАТЕН МЕДАЛ од стручното меѓународно жири, Плакета со диплома од Министерството за образование, истражување, млади и спорт на Романија и ЗЛАТЕН МЕДАЛ со диплома од Руската асоцијација за меѓународна научна и техничка соработка, на пронајдувачите Смилески Стојче и Смилески Таско, за пронајдокот “Интегрирана сопирачка за вртливи подвозки”;

-СРЕБРЕН МЕДАЛ од стручното меѓународно жири, ЗЛАТЕН МЕДАЛ со диплома од Друштвото за пронајдоци и дизајн на Малезија, на пронајдувачот Јоти Поповски, за пронајдокот “Анаеробна прочистителна станица со биофилтрација”;

-БРОНЗЕН МЕДАЛ од стручното меѓународно жири, ЗЛАТЕН МЕДАЛ со диплома од Руската асоцијација за меѓународна научна и техничка соработка, на пронајдувачите Јакуп Кадриу и Арбен Зибери за пронајдокот “Препарат за уништување на инсектот – Блатида Германика”;

- БРОНЗЕН МЕДАЛ од стручното меѓународно жири, ПЛАКЕТА со диплома од Сојузот на пронајдувачи на Унгарија, СЕРТИФИКАТ за придонес во пронаоѓаштвото од Здружението на жени пронајдувачи НОВА од Босна и Херцеговина на пронајдувачот Жаклина Стамболиска, за пронајдокот “Метода за проактивно следење на состојбата на споро вртечки машини”;

-БРОНЗЕНА АРКА со диплома од Здружението на пронајдувачи на Хрватска, на пронајдувачот Влатко Здравковски за пронајдокот “Еднофазен електричен исправувач за напон 12V и струја 5А”.

Престижната Награда “ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА -2012” беше свечено доделена за пронајдокот “Интегрирана сопирачка за вртливи подвозки”, на пронајдувачите Смилески Стојче и Смилески Таско и свечено им ја врачи директорот на Заводот Сафет Емрули. Пронајдокот претставува значајно техничко усовршување на системот за сопирање кај шинските возила.

Целта од одржување на настанот е не само да се поттикне креативноста и творештвото на мекедонските пронајдувачи туку и да се искористи системот на заштита на правото со патент во нивното деловно работење.

 

03.01.2013