| | Sitemap | EN | SQ



Се одржа семинар на тема “Ефективно пишување меѓународни пријави на патент”

На 13 март 2013 година, Државниот завод за индустриска сопственост, по препорака на Владата на Република Македонија, одржа семинар на тема “Ефективно пишување меѓународни пријави на патент”, кој имаше за цел да ги обучи законските застапници на правата од индустриска сопственост за квалитетно пишување и поднесување меѓународни пријави на патент.

Предавањата ги одржа проф. д-р Братислав Станковиќ.  Овој семинар е еден од низата семинари кои Заводот ќе ги одржи во текот на 2013 година, на тема пишување и поднесување квалитетни меѓународни пријави.

Наредниот семинар, на тема “Практични примери за ефективно пишување на меѓународни патентни пријави”, ќе се одржи на 27 март 2013 година.

Материјалите од семинарот се дадени во прилог на оваа информација.

 

065f7d07-c633-43e8-9dba-4ab147a3b649.zip Превземи


15.03.2013