| | Sitemap | EN | SQ



Јавен повик за доделување средства на иноваторите и деловните субјектикои се занимаваат со истражување и развој
Почитувани,

Ве известуваме дека Министерството за економија во годишната програма за конкурентност, иновации и претприемништвоза 2013 година (Сл. Весник на РМ бр.4/2013) има предвидено соодветна мерка за поддршка за зголемување на конкурентноста на македонската индустрија, во чии рамки е и поддршка на патенти.

За поддршка на патенти, преку Програмата се доделуваат средства на иноваторите и деловните субјектикои се занимаваат со истражување и развој (за соодветни активности наведени во програмата).

За постапката и критериумите за доделување на средства за поддршка за зголемување на конкурентноста на македонската индустрија е објавен јавен повик во печатените медиуми, а Јавниот повик, формуларите и постапката за аплицирање се достапни на ВЕБ страната на Министерството за економија www.konkurentnost.mk (во прилог Програма со јавен повик и обрасци).

 

dbf2a364-5827-4d59-9add-d45eb13fbd5c.zip Превземи


18.03.2013