На 27 март 2013 година, Државниот завод за индустриска сопственост, по препорака на Владата на Република Македонија, одржа семинар на тема “Практични примери за ефективно пишување меѓународни пријави на патент”, наменет на законските застапници на правата од индустриска сопственост.
Семинарот представува продолжување на обуката за квалитетно пишување и поднесување меѓународни пријави на патент одржана на 13 март 2013 година. Предавањата ги одржа проф. д-р Братислав Станковиќ.
Овој семинар е еден од низата семинари кои Заводот ќе ги одржи во текот на 2013 година, а кои ќе опфатат теми поврзани со патентите и иновациите со цел различни целни групи да го подобрат нивото на своите знаења во врска со заштитата и управувањето со патентите и иновациите.
Материјалите од семинарот се дадени во прилог на оваа информација.
7d0ccf5a-ed80-409e-a52e-1bd3494f18af.zip Превземи