| | Sitemap | EN | SQ



Иновации од жени пронајдувачи, KIWIE 2012, Сеул, Јужна Кореја
Македонските пронајдоци на Меѓународната изложба “Иновации од жени пронајдувачи”  KIWIE 2012,  Сеул, Јужна Кореја (1 - 4 мај 2013)

Woman innovation (seul, south korea)Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија учествуваше на Меѓународната изложба “Иновации од жени пронајдувачи”, која се одржа од 1 до 4 мај во Сеул, Јужна Кореја. На изложбата учество зедоа 26 земји, 168 жени пронајдувачи кои се претставија со 263 пронајдоци. Република Македонија оваа година се претстави со два пронајдока од областа на машинството на пронајдувачот Жаклина Стамболиска и од областа на хемијата на пронајдувачот Др. Благица Цекова. Пронајдоците на изложбата беа вреднувани од Стручната комисија на KIWIE 2013, составена од членови, експерти од различни области на науката и техниката како и со специјални награди од други учесници и претставници.

Стручната комисија на KIWIE 2013, за презентираните македонски пронајдоци ги додели следните награди: 

1. ЗЛАТЕН МЕДАЛ со диплома за пронајдокот “МЕТОДА ЗА ПРОАКТИВНО СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА СПОРОВРТЕЧКИ МАШИНИ” за пронајдокот на Жаклина Стамболиска.

2. БРОНЗЕН МЕДАЛ со диплома, за пронајдокот “СИНТЕЗА НА ЗЕОЛИТ ОД ТИП А4 ОД ПРИРОДНА СУРОВИНА ТРЕПЕЛ од Република Македонија“ доби Др. Благица Цекова.

За време на свеченото доделување на наградите беа доделени и специјални награди за најдобар пронајдок KIWIE 2013.

Специјални награди беа доделени за пронајдокот:
1. “МЕТОДА ЗА ПРОАКТИВНО СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА СПОРОВРТЕЧКИ МАШИНИ” на Жаклина Стамболиска и тоа:

-ЗЛАТЕН МЕДАЛ од присутниот претставник на Светската организација за интелектуална сопственост WIPO

-ЗЛАТЕН МЕДАЛ со Диплома од Тајванската асоцијација на пронајдувачи.
- Диплома од Институтот за истражување и развој при Технолошкиот универзитет Рајамангала од Тајланд.

2. “СИНТЕЗА НА ЗЕОЛИТ ОД ТИП А4 ОД ПРИРОДНА СУРОВИНА ТРЕПЕЛ" од Република Македонија“ на Др. Благица Цекова се додели:

- ПЕХАР со Диплома за најдобар пронајдок од претседателот на пронајдувачите INVENTION POT, и оснивач на Кооперативниот програм помегу IFIA и INVENTION POT

Македонскиот штанд привлече големо влијание не само на Меѓунродното жири туку и на останатите учесници на саемот, како и на посетителите.

 

 

17.05.2013