| | Sitemap | EN | SQ



Започнување на Проектот за циркуларност на батерии

На 29 април 2026 година, Опсерваторијата за патенти и технологија на Европската патентна организација (ЕПО) го започна проектот „Циркуларност на батериите – Трендови во иновациите за иден извор на критични материјали“.

Проектот има за цел да ги идентификува трендовите и клучните чинители во областа на циркуларноста на батериите – индустрија која треба да се справи со растечкиот број батерии од електрични возила во наредните децении и која има потенцијал да ја намали зависноста од одредени критични материјали.

Истакнати се три главни резултати:

- Извештај за технолошки увид, изработен во коавторство со Меѓународната агенција за енергија (IEA) и во соработка со европските национални патентни заводи и IP Australia. Извештајот се фокусира на иновациите во циркуларноста на батериите во последните две децении.

- Оддел на технолошката платформа посветена на циркуларноста на батериите, како дел од пошироката платформа за чиста енергија, наменета за истражувачи, што овозможува внимателно следење, во реално време, на технологиите што се патентираат во оваа област.

- Филтерот „Deep Tech Finder“, што ги одредува профилите на 99 европски стартапи, универзитети и јавни истражувачки организации активни во рециклирањето и повторната употреба на батерии, со информации за нивното финансирање и европското патентно портфолио.
Наодите се засноваат врз единствена картографија изработена со експертиза на ЕПО и придонесите на 15 европски национални патентни заводи (Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Финска, Франција, Германија, Италија, Луксембург, Монако, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија и Обединетото Кралство), како и Заводот на Австралија. Тие даваат увид во иновациите во оваа клучна област која го комбинира управувањето со отпад со преработка на критични материјали.

Клучни наоди

• Од 2017 година, иновациите во циркуларноста на батериите бележат раст од 42% CAGR, во споредба со 2% просечен раст на иновациите во сите технолошки области и 16% CAGR (сложена годишна стапка на раст) кај иновациите кај батериите што се полнат.
• Азиските компании се предводници во иновациите низ целиот вредносен синџир на рециклирање на батерии. Особено Кина е најголемиот поднесувач на пријави за патенти во оваа област, како на национално така и на меѓународно ниво.
• Европа е најсилна во собирањето и претходната обработка на батерии, како и во хемиската трансформација. Иако не напредува со иста брзина како азиските компании, таа има ветувачки екосистем за иновации во циркуларноста на батериите, со три субјекти (Umicore, BASF и CEA) меѓу 10те врвни меѓународни пријави на пронајдоци од 2005 година, како и бројни други чинители – МСП, универзитети и јавни истражувачки институции.

Овој сет нови разузнавачки ресурси ја потврдува посветеноста на EПO кон справувањето со отпадот од батерии и обезбедувањето повеќе опции за снабдување со критични материјали.

29.04.2026