| | Sitemap | EN | SQ



Дизајнот како економска вредност: RDLT и Хашкиот систем во фокус

Државниот завод за индустриска сопственост учествуваше на регионалната конференција посветена на економијата на дизајнот, Riyadh Design Law Treaty (RDLT) и Hague System for the International Registration of Industrial Designs.

Заменик директорката Јелена Пеева учествуваше како панелист, каде говореше за заштитата на индустрискиот дизајн, клучните предизвици и стратешките цели во оваа област.

Во своето излагање, таа ја истакна важноста на индустрискиот дизајн како правен и економски концепт, објаснувајќи ја улогата на Заводот во неговото регулирање. Дополнително, беа нагласени и областите каде се потребни понатамошни подобрувања, особено во делот на спроведувањето, подигањето на свеста и прилагодувањето кон динамичните дигитални и глобални трендови.

29.04.2026


Галерија на слики