Државниот завод за индустриска сопственост и оваа година организираше настан по повод одбележувањето на Светскиот ден за интелектуална сопственост - 26 Април заедно со традиционалната манифестација “Патент на годината 2025”, со цел да се афирмира и експлоатира системот на заштитата на правата од индустриска сопственост со користење на национални и меѓународни акти и стандарди. Свеченоста се одржа на 27 Април 2026 година во Хотел Хилтон.
Настанот продолжи со видео презентација и пораката на генералниот директор на Светската организација за интелектуална сопственост –WIPO, г-дин Дарен Танг, кој ја истакна важноста на заштитата со патент, трговска марка, индустриски дизајн и авторското право во сферата на спортот. Во обраќањето на директорот на Заводот, г-дин Ељеса Незири беше спомената и долгоодишната соработка меѓу Заводот и WIPO, како и тековната напредна обука за пренос на знаење и технологии која се одвива преку on-line сесии.
Посебна нота на настанот и даде свеченото прогласување и доделување на наградата - „Патент на годината 2025“, која оваа година беше доделена на носител на правото на патентот: Универзитет “Св.Кирил и Методиј“ Фармацевтски Факултет Скопје, и пронајдувачите: Ана Поцева Пановска , и Александар Димковски, и назив на пронајдокот:“КУМАРИН-1-2-3-ТРИАЗОЛ-ИЗАТИН ХИБРИДНИ МОЛЕКУЛИ И НИВНА ПРИМЕНА”.
Пронајдокот што е предмет на овој патент се однесува на когнитивното здравје и е од областа на биологијата, хемијата и медицината.
Содиненијата кои се предмет на заштитата придонесуваат кон редуцирање па дури и стопирање на каталитичката активност на ензимите кои се одговорни за биохемиските реакции на разградба на ацетилхолинот, со што се овозможува подобрување на меморијата, брзо пренесување на нервните импулси и подобрување во движењето.
Во рамките на програмата на официјалната церемонија беше презентиран пронајдокот од страна на добитниците на наградата.
На настанот беа присутни претставници од академски институции, претставници од стопанството, пронајдувачи, застапници и други еминентни гости кои диретно и индиректно се вклучени во активностите на заштитата на правата од индустриска сопственост.
Уште еднаш се потврди правецот и концепциското постоење на оваа манифестација - да бидеме креативни и иновативни во создавање на нашата иднина.