Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, г-дин Елјеса Незири, денес го потпиша колективниот договор со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, што претставува важен чекор кон зајакнување на работничките права и подобрување на условите за работа. Ова е момент што ја покажува нашата посветеност кон вработените и нивните услови за работа.
Во соработка со претседателот на Синдикатот, Благоја Ралповски, ќе продолжиме секогаш да бидеме во служба на работниците, со јасен фокус на грижа за нив, зголемување на платите и подобрување на животниот стандард. Доказ дека социјалниот дијалог и соработката даваат конкретни резултати.
Вработените се столбот на нашите институции и нашата посветеност останува непроменета. Повисоки плати и подобри услови за работа за сите, нагласи г-дин Незири на денешниот состанок.
Колективен договор за вработените во Државен завод за индустриска сопственост