| | Sitemap | EN | SQ



WIPO Global Awards 2026 – Oтворен повик!

Стартапи и и мали и средни претпријатија од целиот свет, можат да се пријават до 31 март 2026 година и да покажат како ја користат интелектуалната сопственост како стратешки ресурс за раст и развој!


Ве известуваме дека Секретаријатот на WIPO гo отвори процесот за аплицирање за Глобалните награди на WIPO 2026 (2026 WIPO Global Awards), наменети за стартап компании и мали и средни претпријатија (МСП) од целиот свет кои користат интелектуална сопственост.

Периодот на аплицирање трае од 15 јануари до 31 март 2026 година.

Во 2026 година ќе бидат доделени признанија за 11 компании и тоа:

-10 добитници од сите стопански сектори (здравство, агропрехранбен сектор, заштита на животната средина. креативните индустрии и информациско-комуникациските технологии)

-1 тематска награда: МСП во спортот, во согласност со темата на Светскиот ден на интелектуалната сопственост 2026

-2 посебни признанија: Најдобра жена - претприемач и најдобар млад претприемач.

Ќе бидат наградени компании кои правата на интелектуална сопственост ги користат како стратешки ресурс за раст, без оглед на која област во индустријата припаѓаат.

НА ДОБИТНИЦИТЕ ИМ СЕ ОВОЗМОЖУВА:

-глобална видливост преку мрежата на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO);

-прилагодена шестмесечна менторска програма за комерцијализација на добра од интелектуална сопственост и бизнис стратегија;

-поврзување со инвеститори, корпорации, институции и бизнис мрежи;

-покана на церемонијата за доделување награди за време на Генералното собрание на WIPO во Женева, во јули 2026 година.

Повеќе информации и детали за аплицирање се достапни на:

https://www.wipo.int/en/web/awards/global
https://global-awards.wipo.int/

21.01.2026