| | Sitemap | EN | SQ



Соработка со Делегацијата на Европската Унија

 

 

Денеска, по повод потпишувањето и отпочнувањето на проектот „Digitalization of State Office for Industrial Property“, директорот на Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС), Ељjеса Незири, и помошник раководител на сектор Ардијан Белули, оствари работна средба со делегација на Европската Унија, претставена од Константин Јовановски и Фатлум Чосович.

 

Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија, во рамките на своите законски надлежности и стратешки определби за институционален развој и усогласување со правото на Европската Унија, реализира воспоставена и континуирана соработка со Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

 

Во таа насока, со финансиска поддршка од Европската Унија, се спроведува проектот „Electronic Document Management System“, кој предвидува обезбедување на неопходни материјални, технички и информатички ресурси за имплементација и оперативно воспоставување на систем за електронско управување со документи.

 

Целта на проектот е унапредување и модернизација на техничко-технолошките капацитети на Државниот завод за индустриска сопственост, зајакнување на административната ефикасност, како и подобрување на транспарентноста, правната сигурност и квалитетот на услугите што се обезбедуваат во постапките за заштита и остварување на правата од индустриска сопственост.

 

Воспоставувањето на системот за електронско управување со документи претставува значаен чекор кон дигитализација на процесите, унапредување на електронската размена на податоци и зајакнување на интероперабилноста со релевантните европски и меѓународни институции во областа на индустриската сопственост.

 

Реализацијата на овој проект претставува конкретен придонес за понатамошно јакнење на националниот систем за индустриска сопственост и потврда на континуираната поддршка од Европската Унија на реформските процеси и институционалниот развој на Република Северна Македонија, во согласност со Европските правни и административни стандарди.

 

18.12.2025


Галерија на слики