| | Sitemap | EN | SQ



Соопштение за стручен испит за застапници

Врз основа на членовите 279 и 280 од Законот за индустриската сопственост (“Службен весник на Република Македонија” бр.21/09, 24/11, 12/14, 41/14, 152/15, 53/16, 83/18 и 31/20) ичленовите 2 и 3 одПравилникотзастручниотиспитзазастапницизаиндустрискасопственостизарегистаротназастапници (“СлужбенвесникнаРепубликаМакедонија” бр.92/09) Државниот завод за индустриска сопственост организира полагање стручен испит за застапници за индустриска сопственост.

Во врска со испитот ќе се одржат предавања во траење од пет работни денови и тоа од 22.12.2025до26.12.2025 година од 17.00 до 20.00 часот.

Стручниот испит за застапници за индустриска сопственост може да го полага физичко лице со завршен правен, еден од техничките факултети и фармацевтски факултет и платени трошоци за полагање на испитот во износ од 6.250,00 денари, согласно Тарифната ставка 7.1 од Тарифата на Државниот завод за индустриска сопственост (“Службен весник на Република Македонија” бр.115/07) и тоа: назив на примачот - Државен завод за индустриска сопственост; банка на примачот - НБРМ, сметка 100000000063095; сметка на буџетски корисник 1100200213 787 13; приходна сметка 724149 20; начин 1.

Лицата што се заинтересирани за полагање на испитот, потребно е да поднесат писмена пријава до Заводот најдоцна до 18.12.2025 година од 10.00 до 13.00 часот.

Пријавата за испит треба да содржи:

  1. доказ за стручната подготовка (заверена копија);
  2. доказ за платени трошоци за испитот (оригинал).

За соодветен доказ за стручната подготовка се смета универзитетска диплома од циклус со 240 ЕКТС-кредити или соодветна диплома од четригодишни студии издадена од Република Македонија односно нострифицирана диплома од странство.

09.12.2025