| | Sitemap | EN | SQ



ИНТА 2025

Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост во Република Северна Македонија, Елјеса Незири, учествува на годишниот состанок „ИНТА 2025“ во Сан Диего, САД, што се одржува од 17 до 21 мај.

Овој глобален форум обединува претставници на партнерски институции и професионалци за трговски марки од 144 земји. Учеството на директорот Незири дава можности за размена на искуства, меѓународна соработка и унапредување на практиките во заштитата на индустриската сопственост.

22.05.2025