Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), организира еднодневна работилница за свесноста за политиките за интелектуална сопственост (IP Policy Awareness Activities) што ќе се одржи во Скопје на 07.11.2024 година, на која се повикани да присуствуваат претставници од заинтересирани универзитети / факултети од Република Северна Македонија.
Настанот го отвори директорот на ДЗИС, г. Елјеса Незири со поздравен говор до претставниците на СОИС и сите присутни, со посебен осврт на активностите на Заводот во подигнување на јавната свест за значењето на ИС и континуираната поддршка и соработка на ДЗИС со СОИС, како и подготвеноста на Заводот за поддршка на активностите кои се во насока на подобрување на условите за трансфер на технологии.
Заклучни зборови даде в.д.Заменик на Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост-г-ѓа Јелена Пеева истакнувајќи дека Работилницата ја истакна потребата за зајакнување на екосистемот за трансфер на технологија во Северна Македонија, решавање на празнините во организациските структури, човечкиот капитал и финансирањето, како и поттикнување на поблиска соработка помеѓу академијата и индустријата. Поддршката на СОИС, заедно со ажурирањата на политиките, градењето капацитети и финансиската поддршка, е од суштинско значење за подобрување на управувањето со ИС и промовирање на комерцијализација на иновациите во регионот.
Во продолжение, на темата Осврт на постоечкиот статус на Екосистемот на трансфер на технологии, со свои стручни презентации се обратија доцент проф.Трајче Велковски од Машинскиот факултет во Скопје и г-ѓа Марија Митковска раководител на патенти и ексклузивност на податоци од Компанијата Алкалоид АД Скопје.
Универзитетите и истражувачките институции кои соработуваат со индустријата или со други организации, имаат потреба од развој на политики за ефективно управување со интелектуалната сопственост и трансфер на технологијата.
Таквите политики обезбедуваат структура, предвидливост и корисно опкружување, во кое можат да пристапат партнерите за комерцијализација (индустриски спонзори, консултанти, непрофитни организации, мали и средни претпријатија, влади) како и заинтересираните страни во истражувањето (истражувачи, техничари, студенти, истражувачи во посета итн.) со споделување на знаење, технологија и интелектуална сопственост, како и промовирање на научно истражување и технолошки развој.
Секој универзитет или истражувачка институција има автономија да развие свој пристап, земајќи ги предвид интересите на сите засегнати страни, особено од аспект на сопственоста и правото на користење на интелектуална сопственост, процедури за идентификација, евалуација, заштита и управување со интелектуалната опственост.