Денес, директорот на Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија, г-дин Ељјеса Незири, присуствува на Третата конференција за интелектуална сопственост на високо ниво "Поврзаност и пат", која се одржува во Пекинг, од 11 до 13 септември 2024 година. Овој значаен настан е организиран од страна на Кинеската национална управа за интелектуална сопственост (CNIPA) во соработка со Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), Националната администрација за авторски права на Кина (NCAC), Министерството за трговија на Кина (MOFCOM) и Народната влада на општината Пекинг. Настанот ја отвори Претседателот на Народна Република Кина, г-дин Си Ѓинпинг.
Со темата "Отвореност, соработка, развој и заеднички придобивки", третиот BRIPCON започнува со церемонија на отворањето на 11 септември 2024 година, потоа продолжува со пленарна седница на 12 септември 2024 година, а попладнето на 13 септември 2024 година следи и ексклузивна тркалезна маса. На пленарната седница ќе присуствуваат околу 450 учесници, вклучувајќи министри/заменици-министри одговорни за прашања поврзани со интелектуалната сопственост, шефови и високи претставници на органите за интелектуална сопственост од партнерските земји на BRI, кинески владини претставници, бизнис лидери, практичари и научници. Г-дин Незири на овој настан го претставува ДЗИС на Република Северна Македонија. Учесниците ќе се вклучат во проникливи дискусии на различни теми за интелектуална сопственост, како што се регионална соработка, зелен развој, дигитална трансформација и реализација на вредноста на интелектуалната сопственост.
На тркалезната маса, ексклузивно за органите за интелектуална сопственост од Кина и партнерските земји на BRI, со СОИС и релевантните организации како набљудувачи, ќе се разгледа минатата соработка и ќе се дискутира за идната соработка. Кинеската страна ќе објави нови иницијативи за продлабочување на соработката во областа на интелектуална сопственост во рамките на активностите "Поврзаност и пат", фокусирајќи се на соработката во областа на интелектуалната сопственост, реализацијата на вредности, градењето капацитети, корисничките услуги и размената во областа на невладиниот сектор.