На 16 јули, 2024 г. Елјеса Незири официјално ја презеде функцијата на в.д. Директор на Државниот завод за индустриска сопственост.
“Подготвени за справување со сите нови планови и проекти, остануваме исправени, продолжуваме со новите предизвици во претстојниот период.
Имајќи го во предвид и фактот дека сме носители на Поглавјето 7, не чекаат нови предизвици и обврски во врска со исполнувањето на прашањата што се доставени од страна на Европската комисија.
Исто така клучно прашање во нашето време на раководство ќе биде и промовирањето на правата од областа на интелектуалната сопственост.
Од исклучителна важност е поддршката на иноваторството во решавањето на актуелните предизвици вклучувајќи го при тоа и потенцијалот на младите иноватори да пронаоѓаат и да поттикнуваат промени за подобра иднина. Движејќи се по ваква патека секако дека ќе дадеме придонес кон растот на националната економија и создавањето услови младите да ги реализираат своите таленти во земјава” истакнува Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, г.Незири.
Сите вработени во Државниот завод за индустриска сопственост изразија благодарност до г.Блерим Идризи, кој претходната година раководеше со оваа институција. Заводот продолжува со тековните, но и дополнителни активности, во согласност со приоритетите на новото раководство. Целта е да се истакне важноста на заштитата на интелектуалните права и големиот придонес кој иновациите го имаат за развој на економијата и државата.